септември 22, 2024

Албанската полиција, уапсила 60-годишен жител на селото Белорта, кај Корча, поради шверц на ситен добиток од Северна Македонија.

„Финализирана е шифрираната полициска акција „повторувач“ за сузбивање на недозволената трговија со добиток. Кај селото Звезда во Малиќ уапсен е Д.Џ. (60) со претходно криминално досие од оваа област. Во возило пикап превезувал 28 глави ситен добиток (кози), без соодветната документација, што го прошверцувал од Северна Македонија, со цел да го продаде во Албанија“, стои во полициското соопштение.

Како материјален доказ добитокот е одземен заедно со возилото, како и одредена сума на пари.

Истрага за вмешаност и на други лица освен на албанска, ќе биде спроведена и на македонска територија, со цел сузбивање на оваа негативна појава, која е зачестена во пограничните појаси долж албанско-македонската граница, поради повисоката цена на добитокот и на месото.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK