Неколку експлозии се регистрирани во рускиот окупиран град Мелитопол на југот на Украина, во Доњецк, како и во анектираниот Крим, вклучувајќи ги и руските воени касарни, јавува Си-Ен-Ен.
Администраторите на Мелитопол, назначени од Москва, изјавија дека четири проектили го погодиле градот, при што загинале двајца и раниле 10, додека градоначалникот на Мелитопол пријавил неколку експлозии, вклучително и во црква окупирана од руските сили.
УКРАИНЦИТЕ ИЗВРШИЈА ЖЕСТОК НАПАД НА МЕЛИТОПОЛ: Експлозии одекнуваат во Доњецк и Крим, Русите јавуваат дека ИМА МРТВИ (ВИДЕО)
Како што пренесува Гардијан, Украина ја нападнала и касарната во Мелитопол, а некои украински извори тврдат дека имало руски жртви.
Според очевидци, се слушнале десет експлозии, иако некои од нив можеби биле од руски противвоздушни системи. Украинските власти тврдат дека загинале голем број Руси, како и многу повредени, додека Русија признава само неколку жртви.
Сепак, проруски кримски канал изјави дека пожарот во касарната бил предизвикан од „невнимателно ракување со оружје“.
„Двајца загинаа. Сега сите војници, околу двесте луѓе, се сместени во други простории“, се наведува во соопштението.
На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како што се тврди дека е руска касарна во јужниот град зафатена во жесток пожар.
Некои извори тврдат дека оваа локација ја користеле група платеници на Вагнер, пренесува Гардијан. Исто така, на некои видеа може да се видат тела.
Се известува и дека 20 проектили го погодиле Доњецк во неделата рано наутро.
Прорускиот гувернер на областа Запорожје, Евгениј Балицки, пак, изјави дека бројот на жртви и повредени во ракетниот напад врз Мелитопол се искачи на 12.
Имаше извештаи и за експлозии на Крим, но ниту една страна се уште не го потврди тоа.
Следете не, не има насекаде