септември 24, 2024

Макаби избори пласман во плеј-офот, а Виртус ја мина првата плеј-ин рунда во кошаркарската Евролига.

Макаби, во борбата за седмото место, во Белград ја декласира Басконија со 113:85.

Најефикасен во победата на „Гордоста на Израел“ беше Лоренцо Браун со 26 поени, Вејд Болдвин постигна 17 поени, додека Бонзи Колсон го заврши натпреварот со 14 поени.

Кај поразениот тим Басконија се истакна Коди Милер-Мекинтаер со 27 поени.

Макаби во плеј-офот, до три победи ќе игра против второпласираниот Панатинаикос.

Виртус, приреди мало изненадување откако во Истанбул го победи Анадолу Ефес со 67:64.

Најефикасни кај победниците беа Торнике Шенгелија со 13 поени и четири скока, Ифе Лундберг додаде 12 (ја погоди клучната тројка на 11 секунди до крајот), по седум скока и асистенции, Авуду Абас постигна 12, додека Марко Белинели постигна 11.

Кај Ефес најдобар беше Вил Клибурн со 22 поени и пет скока, додека Шејн Ларкин додаде 16.

Виртус, во борбата за осмото место, во петок, ќе гостува кај Басконија. Победникот во четвртфиналето ќе игра против бранителот на титулата Реал Мадрид.

The post Макаби ја декласира Басконија, Виртус го изненади Ефес appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK