септември 24, 2024

Пејачката и актерка Џенифер Лопез е фотографирана додека се шетала во Њујорк, а нејзините немонтирани фотографии покажаа како таа навистина изгледа.

Лопез за прошетка избрала широки фармерки кои ги искомбинирала со црна кратка маичка покажувајќи го нејзиниот стомак. Од фотографиите е видливо дека пејачката, позната по своите облини, неодамна ослабе многу, а многумина останаа шокирани што половината и стомакот не и се мазни или затегнати, како на ретушираните фотографии.

Внимание привлече и острата линија на средината на стомакот, за која многумина мислат дека е резултат на естетска хирургија или липосукција. Сепак, на социјалните мрежи нејзиниот стомак изгледа многу поинаку, па фановите под неодамнешните објави ја обвинија дека уредува фотографии во фотошоп.

„Кој оди во теретана со толку совршена шминка? Се е лага“, „Извинете, но кој е ова?“, „Мислам дека не изгледа младо без шминка и тешки филтри“, беа само дел од коментарите, а некои ја обвинија и дека ги брише негативните коментари.

The post Објавени фотографии од Џенифер Лопез без фотошоп, фановите изненадени од нејзиниот изглед appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK