септември 24, 2024

Во рамките на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство” под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје спроведовме едукациски работилници во 8 општини во Град Скопје, 16 основни училишта и успеавме да научиме нешто повеќе со бројка од 1080 млади луѓе за кои сме сигурни дека во иднина ке бидат емпатични спрема животните на улица и пред се одговорни сопственици на нивните миленици.

Да вдомам наместо да купам!
Да не го напуштам миленикот!
Да го микрочипирам и редовно вакцинирам!

Се темелите на општество во кое нема бездомни кучиња.

Огромна благодарност до Амбасадата на САД во Скопје која ги овозможи овие работилници бидејќи едукацијата е еден од најважните чекори кога се стремиме кон решавање на овој проблем.
Благодарност до општините и училиштата кои безрезервно ни отстапија простор за да го оствариме сето ова.
И најголема благодарност до дечињата кои имаа трпение, не сослушаа и заедно научивме како да бидеме одговорни сопственици на нашите миленици.

Овде го завршуваме нашиот едукациски караван до следниот пат, предводени со нашиот суперхерој за децата Зиги зашто секое куче како него заслужува дом

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK