април 30, 2024

Вечерва ќе биде формирана втората полуфинална двојка во Лигата на шампионите. Четвртфиналните реванши ќе ги одиграат Манчестер Сити и Реал Мадрид, односно Баерн Минхен и Арсенал. Синоќа пласман во полуфиналето изборија Борусија Дортмунд и ПСЖ.

Манчестер Сити – Реал Мадрид

Првиот натпревар одигран минатата недела во Мадрид понуди вистински спектакл. Натпреварот со два пресврти на крајот заврши без победник 3.3.

Во претходните две сезони овие две екипи се сретнаа во нокаут фазата, интересно победникот на крајот од сезоната ја освојуваше Лигата на шампионите.

Пеп Гвардиола нема да има никакви проблеми кога е во прашање составувањето на тимот. Сите се здрави и ќе му бидат достапни на шпанскиот тренер.

Од друга страна, веќе е познато дека Карло Анчелоти не може да смета на повредените Алаба и Куртоа. Исто така во тимот, поради жолти картони, ќе го нема Чуамени.

Главен судија ќе биде Даниеле Орсато од Италија, ќе му помагаат Чиро Карбоне и Алесандро Џалатини, додека четврти судија е Маурицио Маријани. Во ВАР собата ќе бидат Масимилијано Ирати и Паоло Валери.

Баерн – Арсенал

Првиот натпревар во Лондон заврши без победник 2:2, што значи дека сите опции се отоврени во реваншот. Баерн е под притисок бидејќи Лигата на шампионите му е единствената шанса сезоната да ја заврши со трофеј. Арсенал, од друга страна доаѓа разнишан во Минхен, по неочекуваниот пораз на домашен терен од Астон Вила.

Микел Артета нема проблеми со составот, на мали повреди се пожалија Сака и Едегард, но се очекувадвајцата да бидат во тимот.

За разлика од Артета, Томас Тухел има сериозни проблеми. Дејвис е суспендиран, а Коман и Гнабри ќе го пропуштат реваншот поради повреди

Холанѓани ќе ја делат правдата во Минхен. Натпреварот ќе го суди Дани Макели, помошници ќе му бидат Хесел Стегстра и Јан де Вриј. Сандер ван дер Ејк е четврти судија, додека Роб Диперинк и Кали Руперти ќе бидат во ВАР собата.

The post Реал гостува кај Манчестер сити, Баерн го чека Арсенал appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK