септември 24, 2024

Граѓанин одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик
На социјалните мрежи се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци се обидуваат да излезат на крај со човек кој одбива да зборува македонски и постојано инсистира комуникацијата да се одвива на албански јазик.
Тој не сака да ја прими казната за направен сообраќаен прекршок, затоа што таа била напишана само на македонски јазик.
Според објавите на Икс, најверојатно станува збор за активист на политичката партија ДУИ, кој со својот мобилен телефон ја снима целата ситуација.
– Ти си македонски државјанин, мора да знаеш македонски јазик, не си странски државјанин – на културен начин и со смирен тон му вели еден од полицајците и му ја подава казната.
Најголем дел од корисниците на социјалните мрежи упатуваат поддршка до полицајците, кои, според нив, професионално си ја завршиле својата работа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK