мај 1, 2024

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои најмалку една е под моја директна ингеренција, рече Стево Пендаровски, претседателски кандидат на СДСМ и коалиција, во вечерашното интервју на ТВ Телма.

„Јас не тврдам дека во Синодот на МПЦ има руски шпиони или дека некој од владиците е шпион. Има руски влијанија, неспорно. Има луѓе, ги знаете и јавно. Еден од нив формираше телевизија на која ја шири таа вистина, кои ги преземаат комплетно рускиот наратив кон Украина, каде што Русија, неспорно, е држава која изврши инвазија. Нападна друга суверена држава, членка на Обединети Нации. Да не ги именувам ги знаете, тоа се најмалку тројца владици во Синодот, меѓутоа ние до овој момент немаме докази дека тоа се шпиони на руската федерална служба за разузнавање“, изјави Пендаровски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK