септември 24, 2024

Ќе наполнеше 73 години
Роден на 19 Април 1951та во Скопје!

Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија!
Беше еден од ретките, а можеби и единствен актер кој највешто умееше да импровизира на сцената и повторно без никој да сети да се врати на првичниот текст – веќе пишаното сценарио!

Сетоа тоа направи, Ванчо својата популарност како актер да ја задржи постојано – цели 40 години, дури до самата негова смрт.

Токму со тие негови импровизации, креативноста и анегдотите кои постојано ги вметнуваше кога глумеше му даде посебна свежина на приказните и станаа тоа што денес се! Ванчо е еден од непомеривите столбови на Македонските народни приказни, македонските тв драми, емисиите за деца и воопшто на целокупната македонска култура која ја создаваше во неговиот работен век!

Роден е на 19 Април, 1951 година во Скопје, по потекло од Богданци, родното место на Ѓорѓи Колозов.

Ване, артистот со најголема слава и најплоадна кариера, која речиси секој артист си ја посакува, неговиот лик долги години беше во безброј тв емисии, драми, серии и во секоја беше приказна за себе…во потполност беше и Рамче, и Цаци, и Сотка, и чика Димитрие…но истовремено беше и сопруг, татко, дедо, пријател, другар, беше Ванчо Петрушевски кој сите го знаевме!

Во несреќен случај од струен удар го загуби животот на 25 Август, 2018 година на 67 годишна возраст!

На комеморацијата неговиот животен партнер Гоце Тодоровски со треперив глас и насолзени очи ќе каже: Во животот повеќе бев со Ванчо отколку со самиот себе, 57 години бевме заедно, немам и незнам што повеќе да кажам! :'(

Автор на текстот: Горан Марковски – уредник на страницата на Ѓорѓи Колозов.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK