мај 1, 2024

Доживотен затвор доби обвинетиот Усаин Рашидов за убиството на 46 годишната Танкица Маладеновска од Кочани. Тој признал вина пред судот за свирепото убиство, кое се случи лани на 25 септември, рано наутро околу 6:15 часот. Маладеновска беше над 40 пати избодена со нож пред нејзината куќа додека се подготвувала да оди на работа. На убиството и претходела расправија со сега осудениот.

-По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за кривично дело – Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, при што за сторителот е изречена казна – доживотен затвор. Обвинетиот, на 25.09.2023 година на свиреп начин лиши од живот жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож, соопштија од обвинителството.

Во обвинението, Основното јавно обвинителство Кочани го товареше обвинетиот и за кривично дело – Уцена кон истата оштетена, сторено пред убиството. Меѓутоа тоа дело обвинетиот не го призна, постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK