септември 24, 2024

Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез можеби не е најдобар пример за новата генерација, но неговите голмански квалитети не можат да се оспорат.

Мартинез е „доктор за пенали“, а тоа уште еднаш го докажа во Лил, каде беше најзаслужен што неговата Астон Вила се пласираше во полуфиналето на Конференциската лига.

Мартинез беше пречекан од непријателска публика во Франција по се што се случи на Мундијалот во Катар, кога Аргентина во финалето на пенали ја победи Франција.

Натпреварот Лил-Астон Вила заврши со резултат 2:1, идентична понеда англискиот тим забележа на домапен терен, па откако и по дополнителните 30 минути немаше промена во резултатот, победникот го решија пеналите.

Мартинез тука повторно блескаше, ги одбрани пеналите на Бенталеб и Андре и го однесе својот тим понатаму во борбата за европскиот трофеј.

Тоа беше негова петта последовна пенал серија од која излезе како победник.

Мартинез во пенал рулетот:

Комјунити Шилд 2020 против Ливерпул
Полуфинале на Копа Америка 2021 против Колумбија
Четвртфинале на СП 2022 против Холандија
Финале на Светското првенство 2022 против Франција
Четвртфинале на Конференциската лига 2024 против Лил

The post Невозможно е да се добие пенал серија против Емилијано Матинез appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK