септември 24, 2024

Кошаркарот на Далас Кајри Ирвинг не се најде на списокот на репрезентацијата на САД за претстојните Олимписки игри во Париз.

Плејмејкерот на Маверикс изјави дека не е изненаден што не е меѓу 12-те избрани за олимпискиот турнир.

Ирвинг, освои злато со тимот на САД на Олимпијадата во 2016 година во Рио де Жанеиро.

„Им посакувам се најдобро на моите браќа. Едноставно не бев доволно добар за овој тим“, рече Ирвинг.

„Процесот на изборот беше тежок. Но, повторно, немам ништо друго освен почит кон овие момци. Во овој момент од мојата кариера, мислам дека мојот фокус треба да биде на освојување на шампионатот“, додаде бекот на Далас.

Тимот на Стив Кер во Париз го сочинуваат Леброн Џејмс, Девин Букер, Џејсон Тејтум, Кави Ленард, Џоел Ембид, Тајрис Халибартон, Џру Холидеј, Бем Адебајо, Стеф Кари, Ентони Дејвис, Ентони Едвардс и Кевин Дурент.

The post „Им посакувам се најдобро на моите браќа на Олимпијадата, јас не сум доволно добар“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK