ноември 23, 2024

Иранската валута риал денеска падна на рекордно ниско ниво во однос на доларот, бидејќи нејзината вредност беше загрозена од неуспехот на разговорите за обновување на нуклеарниот договор со светските сили и откако антивладините протести низ целата земја влегоа во третиот месец.

Трговците во Техеран денеска за долар разменија 370.000 риали, а во четвртокот 368.000 за долар.

Иранската валута се тргуваше по 32.000 риали за еден долар во времето на нуклеарниот договор од 2015 година, со кој беа укинати меѓународните санкции во замена за построга контрола на иранската нуклеарна програма.

Во Иран се одржуваат протести од септември поради смртта на Махса Амини, која беше приведена од државната полиција за морал поради наводно кршење на строгиот кодекс на облекување на жените, како и поради лошата состојба на иранската економија, зголемените цени, високата невработеност и корупцијата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK