мај 3, 2024

На плоштадот  С’рмаале во Велес митинг вечерва одржа кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски. Тој пред своите симпатизери и граѓаните на Велес потсети дека пред 4 години Владата предовдена од СДСМ успеа да постигне договор со нашиот јужен сосед и да ја внесат државата во НАТО, што е предуслов за било каков економски развој.
-Триесет години никој немаше храброст, никој немаше доволно знаење и посветеност да го реши тој проблем за кој најголемите светски дипломати мислеа дека е нерешлив. Оваа политичка структура во која сум и јас го реши и ја прецесуираше Македонија во најголемата алијанса. Со тоа Македонија со 1,8 милиони луѓе е заедно со најголемите и најразвиените светски велесили, нагласи Пендаровски.
Тој и порача на неговата противкандидадтка од ВМРО-ДПНМНЕ Гордана Силјановска да избере што ќе биде, претседател или врховен командант на Армијата. И потенцира  дека без Преспанскиот договор нема членство во НАТО.
-Делумно е манипулација на нашите граѓани и потценување на нивната интелегенција, а делумно е зошто не знаат што зборуваат сега, што зборувале порано и што напишале во програмата. Пред 4 години госпоѓата има изјавено во една телевизиска емисија дека потписниците на Преспанскиот договор треба да бидат кривично гонети, треба кривично да одговараат. И сега велиш дека е добро што сме членка на НАТО. Епа госпоѓо, без Преспа нема НАТО, истакна Пендаровски.

Во однос на обвинувањата од Драган Ковачки, Пендаровски рече дека „не може да му се верува на некој што со судска пресуда е лажго“.
-Многу е тешко да му одговориш на човек кој со судска пресуда неодамна е обвинет дека е лажго. Лажеше за една хациенда на министерката за одбрана. Судот, не јас или вие, рече дека лаже и јас не видов дека после таква судска пресуда се извини. Меѓутоа знаете што е разликата меѓу нив и нас – нивните први луѓе на Мицкоски, не само на Силјановска, лично мене ме навредуваат. Ме нарекуваат измеќар, слуга нечиј, ме нарекоа дури и инфантилен. И да се вратам на господинот Ковачки – колку вреди зборот на еден некогаш висок чин во војската кој побара НАТО безбедносен сертификат и беше одбиен. Знаете кого одбиваат за НАТО сертификат? Само оние кои работат против интересите на Македонија, рече Пендаровски
Toј им порача на велешани на 24 април да го заокружат бројот 1 за стабилност во наредните 5 години.

Претходно, Пендаровски одржа митинг во Чашка и Свети Николе каде што побара поддршка за уште еден претседателски мандат. Потсети на двете големи придобивки за земјата во последните неколку години, односно членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ.
– Затоа овие избори се многу важни. Не смееме да дозволиме да се врати претходната власт. Постигнавме добри договори, се смиривме и се договоривме со соседите. Тие сакаат одново да преговараат и да изгубиме уште 10-15 години. До тогаш овие деца што ги гледаме тука ќе заминат од Македонија, подвлече Пендаровски.
Говорејќи дека како претседател не ги дискриминирал луѓето по ниту една основа и не ги делел на наши и на ваши, Пендаровски ги повика граѓаните на Чашка и на Свети Николе масовно да гласаат уште на првиот круг од изборите.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK