мај 2, 2024

Вработените во културата ја добија мартовската плата покачена за 12 проценти, соопшти министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

– Како што ветив,  платите на културните работници од денеска се покачени за 12 проценти. Оваа Влада предводена од СДСМ се грижи подеднакво за сите. Од 2019 година до денес, покачувањето на платите во секторот култура се искачи на 52 отсто, со потпишувањето на Колективниот договор, посочува Костадиновска-Стојчевска во објава на социјалните медиуми.

Таа нагласува дека веќе две години се бори за повисоки плати за вработените во културата.

-Успехот не може никој да го порекне. Платите пораснаа и повторно ќе растат. Не постои ниту еден чинител кој е против повисоки плати, особено кога Законот за кој оваа Влада се избори е на страната на културните работници, вели министерката.

Костадиновска-Стојчевска ги оценува како предизборна игранка и манипулација реакциите и протестите на Синдикатот на културните работници (СКРМ).

Вчерашниот состанок во Министерство за финансии, вели министерката за култура,  „не беше свикан со намерата која Синдикатот за култура им ја презентираше на своите членови, нути пак за некаква игра, денес тоа се докажа. Секогаш сум била на страната на вработените, за повисоки плати и за поголеми работнички права.

Над три илјади вработени во културните институции од денеска почнаа со протести поради неисплаќање на платата за март. Согласно усогласувањето на платите со минималната плата во државава, мартовската плата треба да им биде зголемена за 12 отсто. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK