мај 2, 2024

Шефот на германската дипломатија Аналена Бербок денеска изјави дека Германија не може да прифати Кина да воспоставува поблиски односи со Русија, која, како што наведе, води илегална војна против Украина.

„Ако Кина продолжи отворено да воспоставува сè посилно партнерство со Русија, која води нелегална војна против Украина, … не можеме да го прифатиме тоа“, рече Бeрбок по состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Капри, Италија.

Бербок ја повика Кина да го искористи своето влијание кај рускиот претседател Владимир Путин за да го запре нападот врз Украина.

Министрите за надворешни работи на Г7, по тридневниот состанок во Капри, соопштија дека се решени „да ги зајакнат капацитетите на украинската воздушна одбрана со цел да се спасат животи и да се заштити клучната инфраструктура“.

Украина беше меѓу главните теми на состанокот во Капри. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK