декември 26, 2024



Борба против миграцијата со зголемување на минималната плата до 800 евра вети кандидатот на претседател од коалицијата Вреди, Арбен Таравари на вчерашниот митинг во Струга.

Со зголемувањето на минималната плата до 800 евра до крајот на четиригодишниот мандат, смета дека ќе се создадат нови можности младите мажи и жени да останат и да придонесат за развојот на државата.

– Иселувањето кај нас е над секоја норма, бројките се алармантни. Не можеме да останеме рамнодушни на оваа ситуација. Како идна влада на ВЛЕН ќе донесеме одлука за покачување на платите. Ќе се заложиме минималната плата до крајот на нашиот прв владејачки мандат да биде 800 евра, рече Таравари.

Доколку коалицијата ја добие довербата на граѓаните, тој посочи дека ќе поддржуваат креативни идеи преку грантови за технологија и иновации.

– Преку грантови за технологија и иновации, ќе ги поддржиме младите мажи и жени со нивните креативни идеи, кои првенствено служат за нашиот развој како држава. Ова ќе биде дополнителна причина да ја гледаат иднината овде со нас, недалеку од нивните домови, недалеку од нивниот роден град, подвлече Таравари.

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK