Гордан Јандроковиќ, спикерот на последниот состав на хрватскиот парламент ги коментираше првите излезни анкети во седиштето на ХДЗ.
– ХДЗ е убедлив победник на изборите по трет пат. Ова е солиден резултат, рече тој, додавајќи дека има многу маргинални резултати.
Ја чекаме дијаспората, веруваме дека и таму ќе добиеме уште три мандати, рече тој.
Не се согласи со фактот дека потфрлија на изборите.
– Очекуваме да освоиме уште неколку мандати кога ќе дојдат официјалните резултати, рече тој.
Јандроковиќ повторно истакна дека маргиналните мандати ќе бидат важни.
<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250
– Ова е добра насока, гледаме дека водиме, дека сме убедливо први, рече тој.
Во Хрватска денеска се одржаа 11-те парламентарни избори од прогласувањето на независноста во 1991 година. Во 7:00 часот беа отворени над 6.500 избирачки места на кои ќе се гласа до 19 часот, до кога е во сила изборниот молк.
Според излезните анкети, ХДЗ и партнерите освоиле 58 мандати, СДП и партнерите 44, Домовински покрет и партнерите 13, Можеме и партнерите 11, Мост и партнерите 9, НПС (Матија Посавец) 2 мандати, ИДС и партнерите исто така 2 мандати, а еден мандат освоил Фокус.