септември 25, 2024

Аеродромот во данскиот град Билунд денеска е евакуиран по дојава за поставена бомба и еден маж е уапсен, соопшти данската полиција.Летовите на аеродромот се прекинати.

На веб-страницата на аеродромот се наведени неколку откажани летови кои требаше да се реализираат попладнево – до Амстердам, Франкфурт и Барселона.

Полицијата се обидува да утврди дали има поврзаност меѓу дојавата за поставена бомба и експлозијата на банкомат во Билунд изутрината.

Аеродромот Билунд е вториот по големина аеродром во Данска. Се наоѓа во близина на седиштето на компанијата „Лего“ и паркот „Леголенд“

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK