септември 25, 2024

Цената на природниот гас во Европа достигна највисоко ниво во последните три месеци, а причина за поскапувањето е конфликтот на Блискиот Исток.

Цената на мегават-час (MWh) гас за испорака се искачи на 33,95 евра во холандскиот центар ТТФ, што е највисока цена од почетокот на јануари, пренесува Мина.

Меѓу причините за поскапувањето е стравот на инвеститорите од нова војна на Блискиот Исток и можното влијание врз снабдувањето со гас од регионот. Пазарите на стоки го чекаат одговорот на Израел за иранскиот напад, кој уследи по наводниот израелски напад врз иранскиот конзулат во Дамаск, Сирија.

Цената на гасот се зголеми за повеќе од 20 отсто во последната недела, откако падна во првите месеци од годината поради релативно блага зима и големите складишни капацитети. Во февруари достигна 22,31 евро за мегават час, што е најниско од минатото лето.

Магацините низ Европа беа полни 62 отсто. Според податоците на Европската асоцијација на оператори со гасна инфраструктура (GIE), магацините во тоа време во последните пет години биле во просек полни 43 отсто.

Во меѓувреме, европскиот комесар за енергетика, Кадри Симсон, минатиот петок објави дека складиштата на гас во ЕУ на крајот на март биле полни 58 отсто, што е рекордно ниво.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250


Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK