септември 25, 2024

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вечерва по повод одобрувањето на воената помош за Украина од Претставничкиот дом, изјави дека овој закон ќе ги направи САД уште побогати и истовремено „уште повеќе ќе ја уништи“ Украина, јавија светските агенции, повикувајќи се на изјава на прес-секретарот на рускиот претседател Владимир Путин за руските медиуми.

„Уште повеќе Украинци ќе загинат поради режимот во Киев“, рече Песков.

Според него, легислативата што ќе и овозможи на американската Влада да ги одмрзне руските средства во корист на обновата на Украина, „ќе предизвика непоправлива штета на американскиот имиџ“. Во исто време, Русија ќе одговори со мерки од гледна точка на сопствениот интерес, додаде портпаролот на Кремљ.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK