септември 25, 2024

Фудбалскиот клуб Милан планира нови промени, откако Стефано Пиоли ќе ги напушти Росонерите.

Според Џанлука Ди Марцио, Хулен Лопетеги е името кое одеднаш скокна во прв план како главен кандидат за нов тренер на Милан.

Шпанецот се уште е без клуб и наводно сака да биде тренер на Милан. Според Ди Марцио , нема да прави проблем со личните услови. Сега клубот треба да донесе одлука.

Очигледно на „Сан Сиро“ сметаат дека Лопетеги е одличен тренер, со јасни идеи и тактички замисли кои им ги пренесува на своите играчи.

Лопетеги работеше во помладите категории на Реал Мадрид, со селекциите У-19 и У-21, на Шпанија беше европски првак, беше тренер на Порто, па ја презеде сениорската селекција на Шпанија, која ненадејно ја напушти пред Светското првенство во Русија, откако постигна договор со Реал.

Во Мадрид се задржа само три месеци, а подоцна ја презеде Севилја со која ја освои Лигата на Европа во 2020 година.

The post Шпанец прв кандидат за нов тренер на Милан appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK