септември 25, 2024

На 15 март заврши законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба, но патиштата и временските услови не говорат за крај за зимска опрема.

Од УХМР денес најавија дека времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Временските услови не велат крај за поседување зимска опрема, утрово снежна покривка има на превојот Стража и Пресека.

Снежната покривка ја нема во известувањето на Македонија пат, од таму апелираат за внимателно возење на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација,како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон02 25 61 502 – велат од Македонија Пат.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK