Поразот на Удинезе од Верона ги вклучи сите аларми на „Фриули“. Цехот, како што пишува „Ла Република“, ќе го плати тренерот Габриеле Чофи.
Истиот извор го фаворизира Фабио Канаваро како наследник на Чофи, пред Андреа Страмачони и Леонардо Семпличи.
Удинезе има само една победа на последните девет првенствени натпревари, но челниците веруваат дека тимот ќе се избори со проблемите и ќе избори опстанок во Серија А.
Се поставува прашањето дали легендарниот италијански стопер е добар избор, со оглед на недостатокот на тренерско искуство во Серија А.
Канаваро би бил трет тренер на Удинезе оваа сезона. Екипата има 28 бода и се наоѓа во опасната зона.
Светски шампион со Италија во 2006 година и освојувач на „златната топка“, тренерската кариера ја започна како асистент во саудиски Ал Ахли во 2013 година. Една година подоцна, по препорака на Марчело Липи, тој стана шеф на стручниот штаб на Гуангжу Евергранде во Кина.
Потоа, во 2015 година се врати во Саудиска Арабија и го презеде Ал Наср. Откако се врати во Кина со Тијанџин избори пласман во Премиер лигата, потоа го освои Суперкупот во 2018 година со Гуангжу и титулата една година подоцна.
Во Италија не се прослави, во Серија Б, го предводеше Беневенто и на 17 натпревари освои само 16 бодови.
The post Канаваро ќе биде новиот тренер на Удинезе? appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде