септември 25, 2024

Полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип, по преземени оперативни мерки и активности расчистија шест кривични дела, од кои пет кривични дела „тешка кражба” во обид и една „тешка кражба”, извршени ноќта на 21/22.04.2024 во Кочани.

Кривичните дела „тешка кражба” во обид биле извршени во барака на ул.„Раде Кратовче”, сопственост на општина Кочани, во која имало три службени простории: една на „Црвен крст”, една на Центарот за социјални работи и една на пратеникот М.Л.(45) од Кочани, како и во правно лице за брзи кредити и еден продажен објект. Кривичното дело „тешка кражба” е извршено во продажен објект, од  каде сторителот одзел каса со пари.

Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на делата, на 22.04 2024 од слобода е лишен Е.Р.(37) од Кочани. Во службен разговор со осомничениот, тој ги признал сите кривични дела, а дополнително признал дека извршил и пет „тешки кражби” и една „кражба” , извршени на почетокот на април 2024 година, исто така во Кочани. По документирање на случаите, против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK