септември 25, 2024



Кандидатот за пратеник во Втората изборна единица од Движењето ЗНАМ За наша Македонија д-р Злате Мехмедовиќ денеска на прес-конференција претстави дел од мерките за подобрување на состојбата во здравството, предвидени со програмата  „Проглас за достоинствена Македонија“ за претстојните Парламентарни избори.

Мехмедовиќ потенцира дека како прва мерка што ја предлагаат за да се подобри здравствената заштита е зголемувањето на превенција на болести и промоцијата на здравјето, за што, како што рече, ќе е потребен посилен ангажман на севкупниот здравствен систем, но пред се со ангажманот на здравствените работници во примарната здравствена заштита. 

-Знаеме дека повеќе време поминато во благосостојба е она што се мери во квалитет на животот, а не она време поминато во болести кога треба да трчате по лекари за да добиете одредена услуга, да бидете со терапија и да бидете на рехабилитација. Ваквиот начин на здрав живот и благосостојба е овозможен само ако го ангажираме целокупниот здравствен систем и притоа акцентот треба да го ставиме на силно засилување на примарната здравствена заштита, рече тој. 

Како втора мерка за подобрување на состојбата во здравството, Мехмеводиќ го потенцираше имањето задоволни здравствени работници во јавните здравствени установи, ветувајќи дека веднаш ќе ги покачат за 20 проценти платите на сите доктори и за 50 проценти на сите медицински сестри.

– Воедно, ќе се создадат и услови за континуирано надградување на нивните вештини и компетенции и ќе се врати дигнитетот кој што сите тие што го уживаа во некои одамна поминати времиња кога сите имавме длабок наклон кон белиот мантил, рече тој.

Мехмедовиќ како трета мерка вети проширување на позитивната листа на лекови. Потенцира дека најмалку десет нови лекови секоја година ќе бидат ставени на позитивната листа на лекови. 

-Во Македонија имаме половина милион пациенти кои живеат со покачен крвен притисок, 250 илјади пациенти кои имаат покачен крвен шеќер или дијабетес, имаме 130 илјади болни со хронична опструктивна белодробна болест и ако на ова ги додадеме и хипотериозата и астмата – над еден милион граѓани пациенти во Македонија живеат само со овие пет дијагнози. За да се реши овој проблем, потребно е да се обезбеди современа терапија која ќе биде лесно достапна на пациентите преку проширување на позитивната листа на лекови. И возможно е и ќе биде направено. Најмалку десет нови лекови секоја година да бидат ставени на таа позитивна листа на лекови. Ќе се стави крај на епидемијата на незаразни заболувања во Македонија поради која што нашата држава на годишно ниво губи половина милијарда евра, рече тој.

Како четврта мерка од нивниот проглас е Дигиталното здравство, кое рече дека конечно ќе стане реалност.

-Премногу беше и доста беше од непотребната администрација водена на хартија, од здравствените картони кои што беа распослани по полиците на здравствените установи. Врвен приоритет на секое модерно здравство е да има дигитализација која што со помош на еден клик ќе ни покаже колку сме добри во тоа што го работиме, колку грешиме во тоа што го работиме, на кого најмногу му требаме и дали некого сме заборавиле во системот. На овој начин, ветувам дека ќе имаме проактивен систем, а не ретроактивен како што тоа беше досега. Болестите ќе можеме да ги видиме пред да се случат, ќе ги превенираме и ќе се бориме за повеќе здравје и помалку болести, посочи Мехмедовиќ.

Како петта точка од програмата на ЗНАМ е максимум транспарентност. Мехмедовиќ потенцира дека транспарентно ќе бидат информираат граѓаните за секој потрошен денар, за секој тендер, за секоја процедура и одлука што ќе ја спроведуваат и преземаат.

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK