септември 25, 2024

Eкономската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази не сакала да вработи персонал неопходен да функционира токсиколошката лабораторија, ако во истиот „пакет“ не влезат и други кадри, лаборанти, сестри и хигиеничарки од кои болницата нема никаква потреба, изјави професор доктор Нико Беќаровски, раководител на одделот за интензивна нега на Клиниката.

Тој заедно со лекарскиот колегиум на Клиниката за токсикологија одржа прес-конференција на која кажа дека сите 18 лица за кои се бара вработување не само што не се потребни во болницата, туку дел од нив се проблематични. Едниот од нив, болничар, вршел притисок врз лаборантот урина во која имало наркотици, да биде сменета со урина која е чиста, ама лаборантот не прифатил.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK