– Германската армија ќе започне со подготовки за распоредување на противвоздушниот ракетен комплекс „Патриот“.
Германија ѝ ја понуди на Полска воената опрема за да го заштити нејзиниот воздушен простор откако минатиот месец залутана украинска ракета падна на полска територија, при што загинаа две лица.
Предлогот на Берлин, сепак, предизвика реакција откако Полска објави дека ќе биде подобро за нејзината безбедност ако Германија испрати противвоздушни ракетни системи директно во Украина.
Германија посочи дека ниту една членка на НАТÐ ž не испратила „Патриот“ во Украина и дека системот досега бил распореден само за заштита на територијата на Алијансата.
Системот произведен во САД може да вклучи авиони, тактички балистички ракети, како и крстаречки ракети и има дострел од повеќе од 60 километри.
По разговорите меѓу Берлин и Варшава минатата недела, полските власти ги прифатија условите на германската влада.
Во вторник во Полска ќе пристигне екипа на германското воено разузнавање за да најде соодветно место за опремата.
Следете не, не има насекаде