Русија бара Финска да ги изведе пред лицето на правдата луѓето кои го запалија руското знаме на 6 декември и да преземе мерки за да се осигура дека таквите екстремистички акции нема да се повторат, објави Танјуг.
– Упатено е барање до финските власти да ги изведат пред лицето на правдата оние кои сториле кривично дело и да преземат чекори за спречување слични екстремистички инциденти – се додава во соопштението.
Руски дипломати објавија дека, до Финска е поднесен дипломатски протест, во кој се наведува дека Москва смета дека ова е инцидент без преседан, со недозволив чин на сквернавење на рускиот државен симбол.
Според руското министерство, инцидентот се случил во вторникот, кога Финска го прославувала Денот на независноста.
,,Група луѓе го запалија руското знаме за време на големиот марш во Хелсинки. Ова е срамен гест и бараме итна реакција од финските инстируции” – се вели во соопштението.
Следете не, не има насекаде