ноември 24, 2024

– Какви било мировни преговори во Украина не смеат да бидат параван за руското повторно вооружување, изјави денеска британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли, додавајќи дека не гледа индикации дека Москва ќе влезе во разговорите со добра волја.

Клеверли повтори дека Украина треба да постави услови за можни мировни преговори, иако Британија би сакала тие да се реализираат „порано отколку подоцна“.

„Какви било преговори треба да бидат реални, тие мора да бидат значајни, не можат да бидат само смоквин лист за руското повторно вооружување и понатамошно регрутирање“, изјави Клеверли за Скај њус.

„Не гледам ништо што доаѓа од руска страна што би ме убедило дека (рускиот претседател) Владимир Путин добронамерно влегува во овие преговори. Пошироката реторика и натаму е многу воинствена“, додаде Клеверли. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK