ноември 24, 2024

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Германија би можела значително да го зголеми своето население во наредните години бидејќи владата се обидува да ја поттикне имиграцијата за да спречи недостиг на работна сила и пензиска криза.

Владата работи на привлекување странски работници и се проценува дека населението ќе порасне за седум отсто односно, до 90 милиони до 2070 година, рече Шолц на граѓанскиот форум во Потсдам, недалеку од Берлин.

Германската влада се согласи со плановите за реформирање на законите за имиграција минатиот месец, бидејќи Берлин се обидува да го отвори пазарот на трудот за потребните работници надвор од Европската унија.

Шолц рече дека сегашниот раст на населението, кој делумно се должи на зголемената имиграција, значи дека владата можеби нема да ги зголеми пензиските придонеси пред крајот на нејзиниот мандат во 2025 година.

Германскиот завод за статистика минатата недела соопшти дека германското население најверојатно ќе се зголеми за еден милион до 84 милиони оваа година поради миграцијата од Украина.

Во следните децении може да достигне 90 милиони, доколку имиграцијата е висока, додава Институтот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK