септември 26, 2024

Ученикот од ОУ „Димо Хаџи Димов“ од скопската населба Влае, кој вчера физички ја нападнал наставничка и се пресметувал со неколкумина соученици, по завршувањето на првиот круг од претседателските избори ќе биде префрлен во друго училиште. Проблематичниот ученик (14 г.) денеска не се појавил на училиште. Тим на Центарот за социјални работи, поради асоцијалното однесување побарал негова хоспитализација и надзор од лекар. Родителите на учениците од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ се организираат да потпишуваат петиција за решавање на овој случај и се закануваат дека ако нема епилог нема да ги пуштаат своите деца на настава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK