мај 5, 2024

– Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат –
Најмалку десетина исклучително ризични затвореници, без соодветни ќелии за такви осуденици, невооружени полицајци и двојно помалку од минимум потребниот број, во објект со крајно небезбедна местополжба. Ова се само дел од проблемите заради кои затворските чувари од прилепскиот Затвор, но и од другите затвори од внатрешноста, од денеска започнаа со секојдневен двочасовен протест.
„Во последниот период се вршат прераспоредувања на затвореници од висок ризик од Затвор „Идризово“ низ другите затвори во Македонија. Затворот Прилеп во кој што исто така се распределени затвореници кои се извршители на потешки кривични дела, не е затвор кој исполнува ниту инфраструктурни, а ниту пак кадровски е екипиран за да може да прифати ваков тип на затвореници“, – изјави Владимир Литовски, претставник на Независниот синдикат на Полицијата.
Крајно загрижени за својата лична безбедност заради секојдневната изложеност на сериозни закани и притисоци од страна на дел од осудениците, педестината затворски полицајци од прилепскиот затвор во кој се сместени 125 затвореници, бараат осудените лица од висок ризик да бидат повлечени од оваа установа која е затвор од отворен тип.
„Од Комисијата од Управата констатираа дека затворот Прилеп не може да биде КПД, туку бараме да се врати како КПУ, поради немање услови.Тоа значи затворен, ќелиски систем. Се’ дури не се направи тоа, ние немаме услови. Да потенцираме, исто така, дека дел од колегите, значи 50%, да не речам и 80%, не се вооружени, немаме униформи, немаме средства за работа“, – вели Сашо Гулески, претседател на Незвисниот синдикат при Затвор Прилеп.
„И условите на објектот, и условите на полицајците што ги обезбедуваат не се во можност да ја извршуваат работата која што му се дава и со тоа се загрозува нивната сигурност“, – објаснува Литовски.
Затворските чувари велат дека нивните барања се испратени и до Министерството за правда, откако Управата за извршување санкции се прогласила за ненадлежна. Се закануваат дека во иднина протестите можат да бидат и радикализирани, ако барањата не им се исполнат. Исто така, тие најавуваат дека ќе земат активно учество и на протестите на 1-ви мај кои ќе бидат организирани од ССМ.
Каролина Дурло/ТВ АЛФА

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK