мај 6, 2024



Државната изборна комисија (ДИК) е целосно подготвена за спроведување на утрешните претседателски избори, изјави денеска на седница претседателот на ДИК Александар Даштевски.

-Целосно сме подготвени за утрешниот ден. И тие подготвки никогаш не престануваат. Постојано на некого нешто му фали така што сме во контакт нон стоп со луѓето. Од сабајле сме имале повеќе контакти и ќе продолжиме да бидеме во контакт. И утре во текот на денот ако се појавуваат проблеми ќе ги решаваме во од бидејќи тоа е таква жива проблематика која мора да се решава тековно, рече Даштевски.

Правото на глас на утрешните избори, како што појасни Даштевски, граѓаните ќе можат да го остварат со важечки документ за лична идентификација, лична карта и патна исправа со старо уставно име на Република Македонија како и со лична карта и патна исправа чија важност истекла девет месеци пред денот на одржувањето на изборите, а за утре тоа е 24 јули 2023 година.  

Даштевски кажа дека нема проблеми со гласањето денеска на болните, затворениците, во дијаспората и лицата во старските домови.

– Гласањето добро се одвива и трае и тие податоци ќе ги имаме до вечер. Некаде е завршено, но гласањето трае до 19 часот. По завршувањето на гласањето денеска ДИК, како што беше појаснето, ќе објави информации за излезноста на гласачите, додека резултатите ќе бидат сублимирани и објавени утре заедно со останатите.

На денешната 98. седница акредитирани се нови набљудувачи за Претседател и за Парламентарните избори. Вкупната бројка на набљудувачи се зголеми на 1601, од кои 915 се домашни, а 544 меѓународни набљудувачли, 84 преведувачи како и 58 странски новинари.  

Дополнително на седницата се одобрени акредиации на ОБСЕ/ОДИХР за четворица набљудувачи и двајца преведувачи, за Косова прес за двајца новинари, на Амбасадата на САД за четворица набљудувачи, Еуроњуз Албанија за двајца новинари, за Фондација ромите за демократија за двајца набљудувачи, за АБЦ Њуз Албанија тројца новинари, Асошиејтед прес пет новинари, ТВ АРД Германија еден новинар, Прва ТВ Србија двајца новинари, РТВ Косово пет новинари, ТВ ЗДФ 3, Вејк уп дополнување со 570 набљудувачи, Македонски центар за културен развој еден набљудувач, ТВ Н1 за двајца новинари, БНТ тројца новинари, и ИФЕС дополнување со еден набљудувач за парламентарните избори. 

Акредитираните набљудувачи и странски новинари и медиуми добиваат беџови од ДИК за да можат да ги следат изборите, додека како што појасни членот на ДИК Борис Кондарко, домашните новинари, фоторепортери и сниматели ќе можат да известуваат и да ги посетуваат избирачките места од изборите само со своите прес-легитимации. 

Дозволено е да се снима и да се слика во избирачките места, но не е дозволено да се снима и да се слика зад параванот за да не се наруши тајноста на гласањето, како и Избирачкиот список бидејќи таму има лични податоци на граѓаните. Евентуално може да се направи исклучок ако некој од гласачите затекнати на избирачкото место не сака да даде согласност и не сака да биде снимен, истакна членот на ДИК Борис Кондарко. 

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK