мај 6, 2024

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е во срцето и оти не испушта прилика да прозбори за неговиот славен предок.

Собирот го организираат Македонците од македонската организација ОМО Илинден-Пирин од Бугарија.

-Полицијата ги запираше сите автобуси, конфискуваа знамиња и постери, ги проверуваат и сликаа личните карти. Присуствуваат над 100 униформирани и цивилни полицајци, информираат од ОМО Илинден-Пирин.

На собирот учествуваше и говореше и внукот на Јане Сандански, Борис Сандански.

Пиринскиот цар Јане Сандански е  убиен е на 22 април 1915 година, а неговиот гроб се наоѓа до Роженскиот манастир во Бугарија.

Секоја година на неговиот гроб се одржува традиционално семакедонско чествување. Остануваат запаметени неговите зборови: „Да живееш значи да се бориш: робот за слободата, а слободниот – за совршенството“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK