мај 6, 2024

СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот регион пријавил измама во која дал пари на странска фирма за набавка на роба, па открил дека е измамен по информација од германски служби. Тој нарачувал преку интернет.

На 23.04.2024 година во 11.30 часот во СВР Тетово, Б.Ф.(29) од тетовско, сопственик на правно лице, пријавил дека од 23.03.2024 до денот на пријавувањето бил измамен од странска фирма за продажба и компанија за транспорт. Според пријавеното, тој преку интернет порачал роба за потребите на неговата фирма, за која преку банкарски трансакции во неколку наврати платил околу 21 илјада евра, но на 17.04.2024 од компанијата за транспорт го известиле дека нарачката била блокирана во Германија. Како што е пријавено, Б.Ф. стапил во контакт со надлежна служба во Германија, од каде му било кажано дека кај нив нема регистрирано таква стока, по што сфатил дека е измамен, информира СВР Тетово.

Тетовската полиција работи на расчистување на случајот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK