септември 27, 2024

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски.

„Од утре продолжуваме со средби со граѓаните и тргнуваме од нула. Имаше 7 кандидати и тоа е причината што се поделија гласовите. Мојата задача ќе биде како и изминатите 20 дена, да го промовирам концептот во кој верувам. Ги охрабрувам граѓаните да излезат во втoриот круг“, кажа Пендаровски.

Додаде дека во вториот круг очекува повеќе граѓани да го прифатат концептот во кој длабоко верува.

„Очекувам уште поголем одзив. Нема да барам договор со другите кандидати за механичко префрлување на гласовите. Никогаш не сум го правел тоа, ниту сега планирам, за да механички преземам од било кого. Едноставно на сите граѓани ќе им го презентирам мојот концепт. Ќе одбијам било каков обид за нудење на квантум на гласови – тоа би било големо понижување на граѓаните“, кажа тој.

Анализите, како што рече, ќе покажат „дали граѓаните го казнија него поради СДСМ“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK