мај 13, 2024

Мотор и автомобил се судриле во скопската населба Карпош 4, во близина на „Сити мол“, а според првичните информации има повредени лица, но детали не се познати, пишува Скопје 1

На помош притрчале случајни минувачи, а автомобилот од силината на ударот, се свртел во спротивна насока.

Несреќата се случилаа на потегот од Партизански одреди каде има обележан пешачки премин, а истовремено, се вози над дозволената брзина и неретко има трки.

Засега не е позната причината за несреќата. Полицијата го обезбедува местото и се очекува да започне увид.

Повеќе детали се очекуваат од МВР.

Фото: Скопје 1

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK