мај 14, 2024

Во септември 2021 година мојата партија ги загуби локалните избори и јас презедов целосна одговорност и поднесов оставка. Тоа е демократски, некој мора да преземе одговорност и да испрати порака дека политичарите мора да покажат одговорност“.

Ова, меѓу другото, поранешниот лидер на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев го изјави на конференцијата „People Power Academy“ во Вирџинија, САД, во организација на невладината организација „Канвас“.

Се поставува прашањето каква порака поранешниот претседател на СДСМ со ова му испраќа на актуелниот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски.
Како што е познато, кандидатот на СДСМ на изборите имаше послаб резултат од ВМРО-ДПМНЕ.
Заев на конференцијата се потсети на минатото.
„Како политичар, затоа што бев градоначалник и еден од водечките луѓе во најголемата опозициска партија СДУМ се здруживме со граѓански активисти, со обични луѓе, со академска заедница, со неколку независни новинари, затоа што довербата кон политичарите беше многу ниска. Дефиниравме неколку критериуми како ќе постапиме заедно. Договоривме основни критериуми и тоа беше пресудно да се обезбеди основата за издигнување. Прво дека „Шарената револуција“ не е насилно движење, второ, дека целта на движењето е да го собори режимот на Груевски во Македонија“, рече поранешниот премиер Зоран Заев во своето обраќање на конференцијата People Power Academy во организација на невладината организација Канвас.
Тој појасни дека „Шарената револуција“ била партиципативен модел, дека никој нема монопол над движењето.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK