мај 15, 2024

Лидерот на ДУИ синоќа од Дебар ја прокоментирал и изјавата на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оти Ахмети му праќал емисари, со цел ДУИ да влезе во коалиција со неговата партија по изборите. Обраќајќи му се на Мицкоски, рекол оти коалицирал со партии на етничките заедници кои тие ги презираат
Да не се враќаме во минатото и да се огорчуваме зашто викав „УЧК“, порачал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од синоќешниот митинг во Дебар, велејќи дека Ослободителната народна армија (ОНА), во јавноста позната како УЧК, е гордост на Албанците и оти ја спасила Македонија. Тој ова го кажа по реакциите кои ги предизвика неговото скандирање „УЧК, УЧК“ на митингот на „Европскиот фронт“ и кандидатот Бујар Османи во Скопје пред една недела.
Оваа земја има свое место во Европа и за оваа земја мора да работиме заедно, Македонци и Албанци, а не да се враќаме во минатото и да се огорчуваме зашто викав УЧК. УЧК е албанска гордост и ја спаси Македонија“,

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK