мај 17, 2024

Лидерот на Беса и дел од албанската опозиција Вреди, Биљал Касами денеска во изјава за медиумите порача дека нивната коалиција ќе одржи завршен митинг во Тетово на 6-ти мај.

Тој го повика Артан Груби од ДУИ да се повлече од провокациите.

„Коалицијата Влен ќе организира завршен митинг на 6-ти мај во Тетово, согласно законот. Коалицијата Влен се обрати до општина Тетово како единствена институција одговорна за јавните простории, плоштадите и други. Општина Тетово има дадено позитивно мислење, одобрување за користење на плоштадот за 6ти мај“, вели Касами.

Тој додава дека потоа се обратиле и од Европскиот фронт, каде ги информирале навремено дека за тоа време плоштадот е зафатен.

Инаку, и Европскиот фронт претходно најави завршен митинг, за 20:00 часот на 6 мај 2024 година на истото место.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK