мај 16, 2026

Новата влада на Србија врати на власт двајца проруски функционери кои се под санкции на САД, што ги одразува постојаните блиски врски со Москва и покрај прокламираните напори на земјата да се приклучи на Европската унија, оценува агенцијата АП.

Поранешниот шеф на разузнавачката служба, Александар Вулин, кој неколкупати ја посетуваше Русија во последните месеци, се приклучи на владата, заедно со Ненад Поповиќ, уште еден поддржувач на Русија кој е под санкции на САД, додека министерот за надворешни работи во претходната влада , Ивица Дачиќ, исто така проруски политичар, ќе биде одговорен за Министерството за внатрешни работи во новиот кабинет, додава агенцијата.

АП потсетува дека Милош Вучевиќ, новиот премиер, повтори дека Белград нема намера да воведува санкции кон Русија и дека „не може и нема да се откаже“ од пријателството со Русија, но и дека интеграцијата во ЕУ останува „стратешка цел“.

По повод изборот на новата српска влада, француската агенција АФП пишува дека поранешниот шеф на српската разузнавачка служба Александар Вулин, кој има врски со Кремљ и е подложен на американски санкции, е назначен за вицепремиер.

Агенцијата додава дека Вулин е еден од неколкуте луѓе назначени во новата влада, во која има и други ултранационалистички и проруски личности.

Србија е кандидат за членство во ЕУ од 2012 година, но речиси целосно зависи од рускиот гас за своите енергетски потреби. Земјата често отстапува од надворешната политика на Брисел и одбива да воведе санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина, но ја осуди руската агресија во ОН, потсетува АФП.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK