мај 16, 2026

Рускиот претседател Владимир Путин им додели ордени на тројца тинејџери кои учествувале во спасувањето луѓе за време на терористичкиот напад во Крокус Сити Хол.

– За храбри и решителни дејствија при спасување луѓе во екстремни услови им се доделува орден „За спасување на жртвите“ на Артјом Александрович Донсков, Никита Михајлович Иванов, Ислам Бахтерович Халилов, се вели во одлуката објавена на официјалната веб-страница за правни информации.

Средношколците, кои хонорарно работеле како гардеробери во концертната сала, успеале да спасат околу стотина луѓе од зградата, а по нив преку истиот излез побегнале уште неколку стотици гледачи.

Во терористичкиот напад на 22 март во Крокус Сити Хол во Красногорск, предградие на Москва, загинаа 145 луѓе.

Рускиот истражен комитет соопшти дека се уапсени 12 лица осомничени за нападот, меѓу кои и четворица државјани на Таџикистан, кои биле директни извршители на терористичкиот напад.

Освен тоа, во Дагестан се приведени четворица странци кои учествувале во финансирање и обезбедување оружје на терористите.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK