мај 18, 2024

„Мојот сопартиец и сопратеник Борис Крмов е „печен“ за да седне на спикерското столче, а јас лично немам интерес за таа позиција. Така што, најверојатно Крмов би го седнале таму“.

Ова го изјави лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој вчера гостуваше во поткастот на Плусинфо.

Тој потенцираше колку само моќна функција е спикерската.

– Новинарите ме прашаа кој ресор би го барале за да учествуваме во формирањето на идната влада. А јас им одговорив дека не бараме ресор, туку дека ќе бараме спикер во Собранието. Знаете колку е моќна таа функција? Искрено, јас немам интерес за да бидам спикер, ама најверојатно Борис Крмов, кој ќе биде координатор на пратеничката група на Левица, би го седнале на спикерското столче. Тоа е многу моќна функција и не за џабе Никола Груевски никогаш не ја даде. Таа е единствената незаменлива позиција. На пример, според Уставот, вие немате кој друг да свика собраниска седница освен претседателот на Собранието. И џабе вие имате мнозинство во Парламентот ако го немате спикерот. Така што, тоа е многу моќна и интересна позиција. Практично, го контролирате целиот законодавен процес преку само еден човек. Спикерската функција е многу помоќна од која било друга министерска позиција – изјави Апасиев.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK