мај 18, 2024

Благодатниот оган се очекува на полноќ да пристигне во Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ кога треба да започне и Велигденската богослужба.

Со особена пасхална радост ве известуваме дека, како и низ годините наназад, почнувајќи од 2009 година, преку заложбите на нашето монашко братство, и овој Велигден Светиот Благодатен Оган ќе ги озарува срцата на верните во Бигорски, а и ширум нашата Татковина. Пристигнувањето на Благодатниот Оган во Манастирот се очекува да биде пред полноќ, односно на самиот почетокот од Воскресенското богослужение. Ви посакуваме добра Пасха и светлината од Воскресението да светли во вашите срца и да ги исполнува вашите животи со небесна радост, објавено е на фејсбук статусот на Бигорскиот манастир.

Благодатниот оган се спушти на Велика сабота во пресрет на Воскресението Христово, во црквата на Светиот гроб (црквата „Воскресение Христово“) во Ерусалим, во мермерната капела над пештерата на Светиот гроб, каде што според легендата, бил погребан Исус Христос.

Благодатниот оган ја симболизира светлината на Воскресението Христово, верниците го сметаат за светилиште.

Црквата на Светиот гроб, како и обично на Велика Сабота, беше исполнета со верници. Поради зголемените безбедносни мерки, воведени се и ограничувања за влез во црквата – внатре биле пропуштани само иматели на пропусници издадени од црковни организации, јавија светските агенции. Стотици полицајци го одржуваат редот на улиците на Ерусалим, а пристапот до античкиот дел на градот е ограничен

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK