мај 18, 2024

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение му покажа на човекот колку Бог го сака, и дека беше спремен да биде распнат за спасението на човештвото. Љубовта на Бога кон човека е неизмерна, се вели во велигденската честитка на Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи, човековата волја, љубов и верба можат да допринесат за поубав свет.

Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, да направиме сѐ утре да биде подобро од денес. Промените кои доаѓаат да ги запечатиме со силна победа, за догодина да славиме Велигден со многу поголеми насмевки на задоволство како нација. Христос Воскресе! За многу години Велигден!“, се вели во честитката на Мицкоски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK