мај 18, 2024

Кога ве боли главата или кичмата и пиете лекови, сигурно едвај чекате да ви го олесни тоа ужасно чувство. Постојат три начини да му помогнете на лекот да делува побрзо, а тие се засноваат на научни истражувања.

1. Легнете на десната страна

Во студијата на Универзитетот Џон Хопкинс, луѓето кои пиеле лек и легнале на десната страна, тој почнал да делува двојно побрзо од оние кои седеле или легнале на левата страна. Причината е што во оваа поза таблетката побрзо стигнува до цревата и крвотокот – за 10 минути, додека кога стоите и седите тоа се случува за 23 минути, а кога лежите на левата страна за 100 минути.

2. Пијте го со кафе

Ако страдате од мигрена, земете лекови против болки заедно со шолја кафе или чај. Комбинацијата на состојки од аспирин и кофеин е најефикасна за ублажување на овој вид главоболка, велат експертите. На овој начин лекот побрзо стигнува до крвотокот и се блокираат рецепторите одговорни за болката.

3. Прошетајте

Кога ќе примите вакцина, да речеме против грип, би било добро да пешачите 60 до 90 минути потоа. Утврдено е дека умерената активност ја подобрува способноста на телото да ја препознае вакцината и да создава антитела. Ова го заклучија експерти од Универзитетот во Ајова. Слично е и со лекот, под услов болката да не е толку силна за да можете да одите.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK