мај 18, 2024

Цените на храната благо пораснаа во април, бидејќи повисоките цени на месото, растителните масла и житариците ги надминаа пониските цени на шеќерот, млекото и млечните производи, соопшти Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (УНФАО).

Индексот на цените на ФАО на кошничката основни прехранбени производи во април се зголеми за 0,3 поени во однос на ревидираната вредност за март и во просек изнесуваше 119,1 поен. Тоа значи дека тие пораснале за 0,3 отсто на месечно ниво, пренесува Мина, повикувајќи се на SEEbiz.

Во март кошничката со основни прехранбени производи поскапела на месечно ниво, првпат од септември лани, за 1,2 отсто.

Во однос на ланскиот април, цените се пониски за 9,6 отсто.

Месото најмногу поскапе во април на месечна основа, за 1,6 отсто во однос на март, што е одраз на повисоките цени на живината, говедското и овчо месо.

Незначително поскапеа и житарките и растителните масла, за 0,3 отсто во однос на март. Цените на пченицата се стабилизираа во април, бидејќи силната конкуренција од големите извозници ја намали загриженоста поради неповолните услови за одгледување во делови од Европската унија (ЕУ), Русија и Соединетите Американски Држави (САД).

Цените на пченката исто така пораснаа бидејќи силната побарувачка се совпадна со логистичките проблеми во Украина поради оштетената инфраструктура, со загриженост за бразилското производство. Цената на оризот се намали за 1,8 отсто.

Шеќерот падна за 4,4 отсто во однос на март, главно поради подобрените изгледи за производство во Индија и Тајланд и подобрите временски услови во Бразил. Во однос на ланскиот април, неговите цени се пониски за 14,7 отсто.

Млечните производи паднаа за 0,3 отсто во однос на март, што ја одразува слабата увозна побарувачка за обезмастено млеко во прав и пониските цени на сирењето под притисок на посилниот долар. Путерот поскапе поради континуираната силна побарувачка за увоз.

Според новите податоци на ФАО, глобалната трговија со жито треба да се зголеми за 1,6 отсто до 487 милиони тони во тековната сезона, со поголем обем на трговија со крупни житарки, како што е пченката и нешто помал обем на трговија со пченица.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK