мај 18, 2024

Илон Маск откри дека нов формат на видеосодржина доаѓа набргу на платформата X.

Милијардерот и сопственик на X откри дека оваа платформа набргу ќе овозможи видеосодржини со долга форма на паметните телевизори.

Одговарајќи на барање на корисник, Маск го потврди пристигнувањето на видео со долга форма на паметните телевизори.

Coming soon https://t.co/JlnlSL7eS9

— Elon Musk (@elonmusk) March 9, 2024

Изворите сугерираат дека апликацијата X TV ќе личи на апликацијата „Јутјуб“ за ТВ, што укажува на амбициите на Маск услугата да стане конкурент на платформата на „Гугл“.

Платформата X додава многу нови функции во последните месеци, а Маск веќе ја изрази својата намера да го претвори X во супер апликација, која може да направи сè – испраќање пораки, плаќање, но и гледање видеосодржини во долга форма.

Текстот Маск има нов план: Сака да го урне „Јутјуб“ е превземен од МАКФАКС.

The post Маск има нов план: Сака да го урне „Јутјуб“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK