мај 19, 2024

Факт што често го игнорираме е дека храната што ја консумираме драстично влијае на функционирањето на мозокот.

Храната што ја консумираме речиси секој ден, може негативно да влијае на нашите когнитивни способности. Најновата студија, претставена на Меѓународната конференција на Здружението за Алцхајмеровата болест во Сан Диего во 2022 година, покажа дека тоа се случува ако повеќе од 20 проценти од дневните калории доаѓаат од ултра-обработена храна.

Храна која го оштетува МОЗОКОТ: Сите ја јадеме, а не сме свесни колку е штетна!

Во ова истражување учествувале дури 10.000 луѓе, а резултатите биле изненадувачки. Мажите и жените кои јаделе најголеми количини на преработена храна имале 28 проценти побрзо глобално когнитивно опаѓање и 25 проценти побрзо опаѓање на извршната функција.

Една од авторките на студијата, Клаудија Суемото, истакна дека преработената храна сочинува од 25 до 30 проценти од калориите во просечната исхрана.

– „Имаме брза храна, јадеме многу чоколадо и бел леб“ – изјави докторката.

Во споредба со преработената храна, т.е. храната која содржи шеќер, сол, масло или други минимални состојки за преработка, како што се конзервирана туна или зеленчук, ултра-обработената храна се создава со екстракција на супстанции.

Тие доаѓаат од масти, скроб и додадени шеќери, а содржат и вештачки бои и адитиви. Ако размислувате што е точно ултра-обработена храна во вашиот дом, тогаш треба да знаете дека тоа е храната која најмногу се наоѓа на вашите полици, како бисквитите и солените грицки.

Една студија објавена во „The Journals of Gerontology“ заклучи дека консумирањето на ултра-обработено месо и масла или намази е поврзано со когнитивно опаѓање кај постарите возрасни лица, со дијабетес тип 2.

Мозокот не е единствениот дел од телото погоден од овој вид на храна. Истражувањата покажуваат дека високиот калориски внес на ултра-обработена храна доведува до зголемен ризик од кардиоваскуларни и коронарни срцеви заболувања, цереброваскуларни болести, дијабетес тип 2, што исто така го зголемува ризикот од смрт.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK